Search

После една година пауза Кармело се враќа во НБА

Кармело Ентони повторно ќе игра во кошаркарската НБА лига. Ветеранот Ентони (35 г.) ќе се приклучи на тимот на Портланд, пренесува „ЕСПН”, а тоа доаѓа повеќе од една година по неговиот последен натпревар во Лигата на 8 ноември 2018 година како кошаркар на Хјустон Рокетс.

Ентони е еден од најдобрите стрелци во историјата на лигата, откако во просек има 24,0 поени, 6,5 скокови и 3,0 асистенции во 1.064 натпревари од редовна сезона, како дел од Денвер, Њујорк, Оклахома Сити и Хјустон.

Неговиот договор со Портланд ќе биде до крајот на сезоната и најверојатно има минимална вредност.

Мело ќе им се придружи на своите нови соиграчи за претстојната серија од 6 гостувања, која започнува во Сан Антонио овој викенд и завршува на 26 ноември во Чикаго.

Резултати во НБА:

Кливленд – Мајами – 97: 108
Ујорк – Далас – 106: 103
Милвоки – Чикаго – 124: 115
Newу Орлеанс – ЛА Клиперс – 132: 127
Феникс – Атланта – 128: 112
Денвер – Бруклин – 101: 93

Треба да знаете
Последни објави