Search

Последните зборови што Кирк му ги кажал на Мајкл: „Гласај за Блумберг“

Актерот Мајкл Даглас (75) тврди дека татко му Кирк Даглас, кој почина минатата недела, на смртната постела му кажал дека на претседателските избори треба да гласа за Мајкл Блумберг (77). Мајкл на собирот во Медисон, Висконсин, кој беше дел од кампањата на Блумберг, ги откри последните зборови на својот татко, пренесува „Фокс њуз“.

Мајкл вели дека Кирк го пофалил Блумберг пред да умре.

„Не знам дали ме задеваше или не, но тоа беа едни од неговите последни зборови што ми ги кажа во болницата. Тој ме замоли да му се доближам и ми рече: ‘Мајкл може да го стори тоа’“, раскажа Мајкл.

Снимка од неговиот говор беше објавена на официјалните социјални мрежи на претседателскиот кандидат. Снимката покажува дека Даглас им се заблагодарува на насобраните што праќале добри желби и се молеле за неговиот татко. И Мајкл го поддржува Блумберг.

Кирк беше голем критичар на Доналд Трамп (73). Блумберг е еден од 11-те демократи што се натпреваруваат за претседателската номинација на Демократската парија на изборите што ќе се одржат во ноември.

Треба да знаете
Последни објави