Search

Последен ден за поднесување барање за продолжување на грејс периодот за кредитите од Развојна банка

Повикот за поднесување барање до РБСМ за продолжување на грејс-периодот и рокот на отплата на кредитот одобрен од средствата на Посебниот кредитен фонд „Ковид1“ трае до денеска до 23:59 часот. Повикот е достапен на веб страницата на Развојна банка од каде што може да се преземе барањетo.

Најбрз начин како може да го доставите барањето до Развојна банка на Северна Македонија АД Скопје е преку испраќање на барањето на мејлот kreditiranje@mbdp.com.mk.

Јавниот повик е дел од четвртиот сет економски мерки кои ги спроведува Владата и нуди можност за кредитокорисниците на ,,Ковид1” бескаматната кредитна линија да го продолжат грејс периодот и периодот на отплата на кредитите за дополнителни три месеци. Преку оваа кредитна линија беа поддржани 737 домашни компании кои вработуваат вкупно 6.509 лица. Од нив, 77% се микро компании кои вработуваат до 10 лица, 21% се мали компании кои вработуаат до 50 лица и 2% се компании со средна големина кои вработуваат до 250 лица.

Треба да знаете
Последни објави