Search

Поскап бензин од полноќ

Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се зголемува за 1,00 ден/лит, во однос на цената утврдена со Одлуката од 04.11.2019 година и од полноќ ќе се точи по 68,50 ден/лит.

ЕУРОСУПЕР БС-98,  ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), се зголемуваат за 0,50 ден/лит. Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе изнесува 70,50 ден/лит,  на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) 62,00 ден/лит, додека Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) ќе се точи по  50,50 ден/лит. Новата малопродажната цена на мазутот М-1 НС  ќе изнесува 33,340 ден/кг.

Новите цени се со важност од ноќеска на полноќ, односно 12.11.2019 година.

Треба да знаете
Последни објави