Search

Посета на Британскиот министер за Европа и Америкa, Сер Алан Данкан на Македонија

Посета на британскиот министерот за Европа и Америкa, Сер Алан Данкан на Македонија

Утре Mинистерот за Европа и Америка во британскиот Форин Офис, Сер Алан Данкан, ќе престојува во работна посета на Република Македонија, при што ќе оствари средба со министерот за надворешни работи, Никола Димитров.

Посетата на Министерот Данкан претставува уште една потврда за зголемениот интензитет на политичкиот дијалог меѓу двете земји изминатава година, особено по историската посета на британската премиерка, Тереза Меј на Република Македонија на 17 мај годинава.

На средбата ќе се разменат мислења за најновиот развој на внатрешно политичките состојби и реформската НАТО и ЕУ агенда во Република Македонија, регионалната соработка, британскиот ангажман во рамките на Берлинскиот Процес, преговорите меѓу ЕУ и Обединето Кралство околу Брегзит, како и за подготвителните активности сврзани со успешна реализација на референдумот на 30 септември.

Треба да знаете
Последни објави