Search

Посебен сообраќаен режим утре кај Градски парк

Утре (17.04.) на улицата “1732“ (зад Националната фудбалска арена во Градскиот парк) поради однапред најавено снимање  во организација на Агенција за маркетинг „Дивисион“ Дооел од Скопје, сообраќајот по оваа улица од потегот кај ресторанот “Опатија“ до фудбалскиот терен на АРМ ќе биде затворен во период од 06,00 до 19,00 часот, а сообраќајот ќе биде пренасочуван по околните сообраќајници.

Исто така утре во периодот од 11,00 до 13,00 часот, поради спортската манифестацијата – трка со ролери – во организација на ЈУ „Детски културен центар“ Карпош од Скопје, со траса на движење од булеварот „Илинден“ (пред фонтаната во Градскиот парк) до крстосницата на булеварот „Илинден“ со улицата „Никола Тесла“ (кај седиштетот на ЈП Паркови и зеленило) во Скопје, оваа делница ќе биде затворена за сообраќај, при што сообраќајот ќе се пренасочува по околните сообраќајници. МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците каде што ќе се одвиваат настаните.

Треба да знаете
Последни објави