Search

Посебен сообраќаен режим в недела поради велосипедска трка „Трофеј СКОПЈЕ 2019“

На 22.09.2019 (недела) во времето од 11.00 до 14.30 часот, во организација на Велосипедската федерација на Македонија, ќе се одржи велосипедска трка насловена „Трофеј СКОПЈЕ 2019“, со траса на движење од улицата „Самоилова“ (Музеј на современа уметност), вдолж улицата „Лазар Личеноски“ (круг околу Скопско кале) до улицата „Самоилова“.

Од  тие причини Одделението за безбедност  на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот по горенаведените улици, при што сообраќајот ќе се пренасочува по околните сообраќајници. За таа цел, МВР апелира  до Граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците каде што ќе се одвива настанот.

 

 

Треба да знаете
Последни објави