Search

Посебен сообраќаен режим во Скопје

Во Скопје утре од 08:30 часот ќе има изменет сообраќаен режим поради одбележувањето на 80-годишнината од Холокаустот на македонските Евреи. 

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен сообраќаен режим на неколку сообраќајници. 

– Утре (12.03.2023) со почеток во 08.30 часот пред Музеј на град Скопје на ул. Св. Кирил и Методиј ќе се одржи настан за одбележување на 80 години од депортацијата на македонските Евреи, по што учесниците ќе се движат од Музеј на град Скопје по ул. Св. Кирил и Методиј, бул. Кочо Рацин, ул. 11-ти Октомври, ул. Крушевска република до Тутунски комбинат Скопје, се посочува во соопштението на МВР.

Треба да знаете
Последни објави