Search

Посебен сообраќаен режим во Скопје

Министерството за внатрешни работи информира дека СВР Скопје денеска ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот на булеварот „Илинден”, поради најавен протест од приватните автобуски превозници закажан за од 6 часот.

Како што информира МВР, посебен сообраќаен режим ќе има од крстосницата на „Илинден” со булеварот „Св. Климент Охридски” до крстосниците со булварот „8 Септември”  и околните улици.

МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите од полициските службеници.

Треба да знаете
Последни објави