Search

Посебен режим низ скопските булевари поради снимање на реклама

На 14 и 15.07. 2019 година (недела и понеделник) во времето од 19.00 до 06.00 часот, поради снимање на рекламен спот од „Пигменто студио“ од Скопје, Одделението за безбедност  на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот на дел од бул.„Гоце Делчев“ од крстосница со ул.„Лазар Личеноски“ до крстосница со бул.„Филип Македонски“ (00:30 – 04:00 часот), дел од ул.„Димитрија Чуповски“ од крстосница со бул.„Даме Груев“ до крстосница со ул.„11-ти Октомври“ (23:30 – 01:00 часот), дел од бул.„Св. Кирил и Методиј“ од крстосница со бул.„Кочо Рацин“ до влез во ТЦ Рамстор (00:30 – 04:00 часот) и дел од бул.„Јане Сандански“ од крстосница со бул.„Србија“ до влез во ТЦ Капитол (02:00 – 04:00 часот) во Скопје  и за таа цел сообраќајот ќе се пренасочува по околните сообраќајници.

Министерството за внатрешни работи апелира  до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците каде што ќе се одвива настанот.

 

 

 

Треба да знаете
Последни објави