Search

Португалскиот премиер е отворен за сојуз со левичарите

Португалскиот премиер во средата рече дека е подготвен да го обнови сојузот на Социјалистичката партија со две екстремно левичарски партии по изборите во октомври.

Договорот со Левиот блок и комунистите обезбедува парламентарно мнозинство за владата од 2015 година. Но, анкетите за јавното мислење покажуваат дека социјалистите би можеле да обезбедат целосна победа, поради што некои партиски лидери сакаат да ги напуштат своите сојузници.

„Иако не сме во 2015 година, јас би ја донел истата одлука од едноставна причина што (политичкото) решение е добро, резултатите се добри во целост“, рече премиерот Антонио Коста пред парламентот во текот на последната дебата пред летниот одмор.

За време на дебатата во парламентот, член на парламентот за Левиот блок, Педро Филипе Соарес, рече дека социјалистите „копнеат по апсолутно мнозинство“.

Според досегашните анкети, социјалистите имаат околу 40 отсто поддршка, што е помалку од 43-45 отсто што им е потребно за мнозинство според португалскиот систем на гласање со пропорционална застапеност.

Влада со мнозинств социјалисти, на која не би ѝ било потребно да се потпира на левицата, може да значи поголема отвореност кон странски инвестиции и можни реформи на пазарот на трудот.

Треба да знаете
Последни објави