Search

Португалија ја посрамоти Шведска

Португалија не признава фаворити, а тоа вечерва го покажа и против еден од домаќините на 14. Европско ракометно првенство, и кандидат за учество во распределбата на медалите, Шведска, совладувајќи ја во Малме пред своите гледачи убедливо со 35:25. Со овој пораз од Португалија Шведска е чекор подалеку од позициите кои од групата 2 во втората фаза водат во полуфиналето.

Дека нема шега со Португалија стана јасно уште на самиот почеток од натпреварот. Наметнаа игра и го контролираа резултатот недозволувајќи му на фаворитот Шведска да диктира ритам. Дебаклот на Шведска дојде во вториот дел кога Португалија стрелеше од сите позиции, ги „разоружа“ домаќините, дојде до предност од единаесет гола (32:21) и рутински го приведе мечот до крајот со убедлив триумф (35-25).

Фабио Магалаеш со шест гола беше најефикасен поединец кај Португалија, а голманот Кинтана одбрани единаесет удари. Нилсон и Петерсон со по четири гола беа најефикасни кај Шведска.

Треба да знаете
Последни објави