Search

Португалија ја зголемува минималната плата, секој петти работник на „минималец”

Португалската Влада денеска го претстави предлогот за зголемување на месечната минимална плата за речиси шест отсто. Доколку предлогот биде усвоен од следната година минималната плата би била 635 евра, но и понатаму ќе биде една од најниските во западна Европа.

На почетокот на вториот мандат, во октомври, премиерот Антонио Коста вети дека до 2023 година ќе ја зголеми минималната плата за 25 отсто, односно на 750 евра.

Најголемиот португалски синдикат ЦТГП оцени дека зголемувањето на 635 евра е „недоволно”, тврдејќи дека земјата може да обезбеди и значително поголем раст на минималната плата, пренесува Хина.

Секој петти работник во Португалија прима минимална плата, а во несигурен работен однос лани биле 890.000 Португалци. Тука спаѓаат и нестандардните облици на вработување, вклучувајќи привремена работа и договори на определено време.

Треба да знаете
Последни објави