Search

Португалија светски шампион во фудбал на песок

Португалската репрезентација е светски првак во фудбал на песок, откако синоќа во финалето го совлада италијанскиот тим со 6:4.

За Португалија ова е трет наслов на Мундијалите.

Најуспешна селекција во историјата на ова натпреварување е Бразил со 14 трофеи.

Во натпреварот за третото место, Русија ја победи Јапонија со 5:4.

Дваесеттиот Мундијал се играше во Парагвај.

Треба да знаете
Последни објави