Search

Португалија од утре воведува поостри рестриктивни мерки

Во Португалија од утре се воведуваат поостри мерки против коронавирусот,а со цел да се спречи неговото ширење, пренесуваат британските медиуми.

Заострувањето на мерките особено ќе се однесува на собирањето граѓани, а поостри ќе бидат и казните за нивно непочитување.

-Знам многу луѓе кои се уморни од рестриктивните мерки. Но, јас исто така познавам многу луѓе, особено млади луѓе, кои имаат заблуда дека Ковид-19 е помалку опасен за нив. Тоа е заблуда. Ковид-19 носи ризик за секого, но што е што е уште поважно, носи и висок ризик од пренесување, изјави денеска португалскиот премиер Антонио Кошта.

Собирите од утре се ограничуваат на само пет лица. Максимум 50 лица ќе можат да присуствуваат на свадби и крштевки, а универзитетските забави ќе бидат забранети.

Казните за компаниите што нема да ги почитуваат правилата ќе бидат двојно зголемени од 5.000 евра на 10.000.

Кошта ќе му предложи на парламентот маските да бидат задолжителни на улиците каде што има голем проток на луѓе, како и да се користи апликацијата „Биди што подалеку од Ковид-19″, која „следи” некои државни службеници.

Треба да знаете
Последни објави