Search

Португалија обезбеди место на ЕП 2020

Европскиот шампион Португалија ќе ја брани својата титула на ЕП 2020, откако го совлада Луксембург со 2:0 и обезбеди пласман во завршницата на првенството на Стариот континент.

На Кристијано Роналдо и компанија им беше потребен успех во Луксембург за да се пласираат на Европското следната година, но имаа потешкотии на тешкиот терен во Кралството. Сепак, тие успеаја да го преземат водството на шест минути пред паузата, кога Бруно Фернандеш реализира по добра асистенција од Бернардо Силва.

Во самиот финиш на натпреварот, Роналдо ги оформи конечните 2-0 со својот гол број 99 за репрезентацијата.

Така, Португалија заврши на второто место во групата „Б” на евроквалификациите со 17 бода, три помалку од лидерот Украина.

Во вториот натпревар од групата, Србија и Украина ремизираа 2:2 во Белград. Пулените на Љубиша Тумбаковиќ двапати поведоа во резултатот со головите на Душан Тадиќ од пенал и Александар Митровиќ, но Украинците стигнаа до бод по погодоците Роман Јаремчук и Артјом Беседин, за да го комплетираат циклусот без ниту еден пораз.

Србија ќе има шанса да се пласира за ЕП 2020 преку бараж следната пролет.

Треба да знаете
Последни објави