Search

Португалија ги повикува Британците на одмор, Шпанија претпазлива

Португалскиот министер за надворешни работи соопшти дека секој Британец што сака да го помине одморот во Португалија ќе биде „многу добредојден“, додека Шпанија има поинаков пристап и нема да дозволи влез сè додека заразата во земјата значително не се намали, објави „Би-би-си“.

Министерот за надворешни работи на Португалија, Августо Сантос Силва изјави дека туристите ќе бидат навремено известени за тоа колку се пополнети плажите за да се избегне навалица.

Сантос Силва за „Би-би-си“ изјави дека договорот за „воздушен мост“ меѓу Велика Британија и Португалија може да стапи на сила до крајот на јуни.

Туристите нема да мора да поминат две недели во изолација според договорот.

Сантос Силва рече дека карантинот е непријател на туризмот.

На патниците ќе им биде измерена температурата на аеродромот во Португалија, а Сантос Силва рече дека се разгледува и случајно тестирање на патниците, во координација со другите земји од ЕУ.

Португалскиот министер рече дека правилата ќе им овозможат на сите туристи безбедно да уживаат во одморот.

Тој посочи дека ноќниот живот во португалските летувалишта ќе биде многу ограничен ова лето и дека нема да дозволат ноќни собири.

Иако шпанскиот туристички сектор е исто така многу зависен од британските туристи, Мадрид се одлучи за поинаков пристап.

Шпанската влада соопшти дека ќе им овозможи на британските туристи да влезат во земјата, без задолжителна самоизолација, само ако значително падне стапката на репродукција на коронавирусот.

Треба да знаете
Последни објави