Search

Портпарол на Меј потврди дека преговорите со ЕУ се тешки

Последната рунда разговори за Брегзит меѓу Велика Британија и Европската унија беа тешки, со енергична размена на мислења, изјави денеска портпаролот на британската премиерка Тереза Мај, додавајќи дека двете страни планираат да продолжат да разговараат.

Проценката се совпаѓа со оценките на дипломатите од ЕУ, кои рекоа дека вчерашните разговори меѓу државниот обвинител и правен советник на британската Влада Џефри Кокс и преговарачот на ЕУ Мишел Барние не резултираа со корегиран договор.

– ЕУ продолжува да тврди дека сака тоа да биде решено и оти сака Велика Британија да замине со договор. Парламентот стави јасно до знаење дека за да се случи тоа, ние бараме законски обврзувачки промени кои ќе значат дека Велика Британија нема да може бескрајно да биде заробена во бекстоп протоколот и ќе продолжиме да се стремиме кон тоа, истакна портпаролот на Меј.

Т.н бекстоп е всушност осигурителна полиса за Лондон и Брисел дека нема да има цврста граница меѓу Република Ирска и Северна Ирска. И двете страни стравуваат дека повторното поставување граница меѓу двете земји ќе го наруши тешко постигнатиот мир меѓу двете Ирски.

Договорот за Брегзит предвидува дека нема да се појави физичка граница на ирскиот остров. За таа цел се применува таканаречениот „бекстоп” или безбедносна мрежа за да се избегнат гранични контроли меѓу Република Ирска и Северна Ирска до крајот на транзицискиот период, декември 2020. Според „бекстопот”, Северна Ирска треба да продолжи да ги почитува правилата на европскиот внатрешен пазар за сите производи. Истовремено, Северна Ирска ќе има непречен пристап до британскиот пазар.

Треба да знаете
Последни објави