Search

Портпаролот на Џонсон: Тој ја почитува независноста на правосудството

Британскиот премиер Борис Џонсон апсолутно ја почитува независноста на правосудството, изјави денеска неговиот портпарол, откако највисокиот апелациски суд во Шкотска пресуди дека одлуката на Џонсон за суспензирање на парламентот е незаконска.

Портпаролот изјави дека се очекува случајот да заврши на Врховниот суд откако предметите за суспензијата се поднесени во различни британски судови, пренесе „Ројтерс“.

Владата наведе дека ќе ја обжали пресудата на шкотскиот суд.

Треба да знаете
Последни објави