Search

Портпаролот на Џонсон: Велика Британија води конструктивни преговори со ЕУ

Преговорите меѓу Британија и ЕУ водени се во конструктивен дух и Лондон напорно работи на тоа да обезбеди договор, порача денеска портпаролот на британскиот премиер Борис Џонсон.

Тој рекол дека Британија е посветена на работата преку заеднички одбор, кој ги собира двете страни, за да се најде решение за протокол за Северна Ирска, кој, како што тврди Велика Британија, ќе биде прекршен, доколку двете страни не постигнат поширок договор, пренесе „Ројтерс“.

„Разговорите продолжуваат денеска и мислам дека се водени во контруктивен дух и ние секако сме посветени на тоа да продолжиме да работиме контруктивно за да се обидеме да постигнеме договор“, истакна портпаролот.

Треба да знаете
Последни објави