Search

Портпаролот на унгарската Влада му одговори на Хан: Прочитај си го извештајот за Македонија

Портпаролот на унгарската Влада му одговори на Хан: Прочитај си го извештајот за Македонија

Портпаролот на Владата на Унгарија, Золтан Ковач, му одговори на еврокомесарот Јоханес Хан, кој побара разумно или солидно објаснување од премиерот Виктор Орбан зошто му е доделен политички азил на поранешниот премиер Никола Груевски.

Разумно објаснување? Почнете со читање на вашиот извештај за Македонија од март 2018 година за ризиците од политичко мешање во судството и извештајот од октомври 2017 година за затворите“, напиша Ковач.

Претходно, Хан на „Твитер“ објави дека доколку е потврдена информацијата дека Унгарија одобрила азил за Никола Груевски, тој од Виктор Орбан очекува солидно објаснување за основите на азил.

„Владеењето на правото останува темелен принцип за земјите членки и земјите кандидати на ист начин. Клучно е за кредибилитетот на Европа. Изненадувачки е што Унгарија поддржува членство во ЕУ за Македонија, но не ја смета за безбедна”, напиша Хан.

 

Треба да знаете
Последни објави