Search

Портпаролот на грчката влада го осуди нападот врз телевизијата „Скај“

Портпаролот на грчката влада, Димитрис Ѕанакопулос, изјави дека го осудува нападот врз телевизијата „Скај“ и го нарече недвосмислен и очигледен.

Доцна синоќа пред грчката приватна телевизија Скај се случи силна експлозија на бомба што предизвика голема материјална штета, но, за среќа, нема повредени, соопштија властите.

Полицијата соопшти дека експлозијата се случила во 2 часот и 35 минути пред телевизијата во северниот дел на Атина откако претходно пристигнало телефонско предупредувања поради кои властите ја евакуирале зградата.

Засега никој не презеде одговорност за оваа експлозија. Оружените екстремно левоориентирани и анархистички организации во изминатите години ги напаѓаа просториите на медиумските куќи во Грција.

Треба да знаете
Последни објави