Search

Портпаролот на ВМРО –ДПМНЕ утнал, требаше да побара оставка од пратеникот Милошоски кој ги излажа граѓаните

Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ ја утнал адресата. Денеска ВМРО-ДПМНЕ требаше јавно да побара оставка од нивниот пратеник Антонијо Милошоски –  најнеспособниот министер за надворешни работи што некогаш земјава го имала.

Милошоски не е достоен за пратеничката функција поради тоа што намерно и свесно ја излажа јавноста и ширеше лажни вести. ВМРО ДПМНЕ 11 години ја држеше земјава во изолација, создаде заробена држава и режим, далеку од ЕУ и НАТО. Тоа е „резултатот“ во политиката и дипломатијата на ВМРО-ДПМНЕ. За само две години Владата предводена од СДСМ успеа од заробена држава да создаде светол, блескав пример во регионот. Земјава е на чекор од стварување на двата клучни стратешки приоритети, членство во НАТО и ЕУ.

ВМРО ДПМНЕ не можеше да најде полош тајминг за лоша и невистинината прес конференција. Денеска, на денот кога уште една земја членка, Канада, го ратификуваше протоколот на НАТО и сме се поблиску до полноправно членството во Алијансата.

Секоја нормална полтичка партија која и мисли добро на својата татковина и на граѓаните би се израдувала за напредокот на земјата и остварувањето на еден од врвните стратешки и национални интереси – членството во НАТО.

Треба да знаете
Последни објави