Search

Портланд во плеј- оф без Нуркиќ кој скрши нога

Центарот на Портланд, Јусуф Нуркиќ претрпе сериозна повреда на натпреварот со Бруклин кој рано утрово заврши со победа на неговиот тим 148:144 по продолжение.

Нуркиќ во продолжението при еден доскок лошо стапна и заработи фрактура на левата нога.

До тој момент босанскиот кошаркар успеа да постигне 32 поени со 16 скока и беше најпродуктивниот играч на Портланд.

Победата на домашниот тим значи потврда на учеството во НБА плеј-офот.

Треба да знаете
Последни објави