Search

Поројни дождови во Бразил, најмалку 11 жртви

Најмалку 11 лица, вклучувајќи и едно бебе, загинале во поплавите предизвикани од поројни дождови во Бразил.

Пожарникарната служба на Сао Паоло соопшти денеска дека четири лица загинале при уривање на куќа во предградие на најголемиот бразилски град, а уште две лица се удавиле во надојдената вода на реката Тамандуатеи.

По едно лице загинало во градовите Ембу дас Артес, Санто Андре, Сао Каетано и Сао Бернардо ди Кампо.

Дождот се очекува да продолжи да врне, а надлежните регистрирале дека во невремето се откорнале 155 дрвја, а блокирани се и неколку патишта.

Треба да знаете
Последни објави