Search

Порошенко ја повика Германија да го зајакне присуството во Црното Море

Украинскиот претседател, Петро Порошенко ја повика Германија и нејзините сојузници да го засилат нивното присуство во Црното Море за да ја, како што рече, „одвратат Русија од понатамошна агресија”.

Порошенко во изјавата до германската медиумска група „Функе“ изјави дека Русија распоредила голем број војници долж границата со Украина.

Украинскиот претседател предупреди дека Русија планира понатаму да влезе на територијата на Украина по минатонеделните морски тензии во теснецот Керч.

„Потребна ни е силна, единствена и недвосмислена реакција на агресивното однесување на Русија”, рече Порошенко.

Тензиите помеѓу Русија и Украина се интензивираа откако руската крајбрежна гарда неодамна заплени три украински бродови, а потоа го зароби и екипажот во близина на теснецот Керч.

Треба да знаете
Последни објави