Search

Порошенко ја достави претседателската кандидатура

Украинскиот претседател, Петро Порошенко ги достави документите во Централната изборна комисија за да се регистрира како претседателски кандидат, соопшти денеска неговиот портпарол, Светослав Цеголко.

Цеголко тоа го напиша на својот профил на „Фејсбук“, последниот ден од предавањето на документите на Централната изборна комисија за регистрација на кандидатурите, пренесе руската новинска агенција „ТАСС“.

Порошенко на 29 јануари објави дека планира да се кандидира за уште еден претседателски мандат како независен кандидат.

До вечерва 74 лица ја искористија можноста да се регистрираат за канидати, а комисијата одобри 28 кандидатури, додека 22 биле отфрлени од различни причини.

Меѓу оние кои се регистрирале за кандидати се шоуменот Владимир Зеленски, поранешната премиерка, Јулија Тимошенко како и лидерот на Партијата за граѓанска позиција, Антолиј Гриценко и коосновачот на партијата Опозициска платформа за живот, Јуриј Бојко.

Претседателските избори во Украина се закажани за 31 март.

Руската агенција наведува дека според резултатите од најновите анкети фаворит е шоуменот, Зеленски, а по него се Тимошенко и Порошенко.

Треба да знаете
Последни објави