Search

Порошенко: Северна Македонија ѝ ги уништи плановите на Русија

Русија се обиде да го блокира влезот на Северна Македонија во НАТО, но земјата го надмина тоа покажувајќи единство, рекол претседателот на Украина, Петро Порошенко, пренесе Украинската независна новинска агенција – УНИАН.

Тој рекол дека патот на Северна Македонија бил многу тежок.

„Но, земјата покажа единство и ѝ ги уништи плановите на Русија, која се обиде да го оневозможи тој важен чекор кон зајакнување на безбедноста во Европа. И вратата на НАТО сега е отворена за 30. членка“, рекол Порошенко.

Тој додал дека процесите за пристапување во НАТО и во Европската Унија меѓусебно се поврзани.

Порошенко зборувал на оваа тема на седница на Врховната рада, на која се расправа за измените на украинскиот Устав, со цел побрзо приближување на земјата кон членството во ЕУ и НАТО.

Треба да знаете
Последни објави