Search

Порошенко побарал од ОН да испратат мисија за техничка проценка на Донбас

Украинскиот претседател Петро Порошенко побарал да биде изпратена техничка мисија на ОН во Донбас за да одлучува за параметрите на мировната мисија таму, пренесува ТАСС.

Порошенко пред Генералното собрание на ОН во средата изјави дека верува оти мултинационална мировна мисија под раководство на ОН може да биде одлучувачки фактор во враќањето на мирот во Донбас.

Ние сме подготвени за конструктивна дискусија за оваа иницијатива”, додаде тој, истакнувајќи дека „мисијата за техничка проценка што генералниот секретар на ОН може да ја испрати во Донбас дефинитивно ќе помогне во оваа дискусија”.

“За Украина е прашање на принцип секоја одлука за воспоставување мировна операција во Донбас да го прошири својот мандат на целата окупирана територија, вклучувајќи ја и границата”, рече Порошенко.

Тој додаде дека исто така е важно секоја мировна операција да се заснова на клучните мировни принципи на ОН – да биде непристрасна, без предрасуди и неутрална.

Треба да знаете
Последни објави