Search

Порошенко: ЕУ и НАТО ни се потребни за да се заштитиме од Русија

Претседателот на Украина, Петро Порошенко, изјави синоќа дека земјата би требало да им се прклучи на Европската Унија и на НАТО за да се заштити од, како што рече, експанзионистичките акции на Русија.

Порошенко, кој ќе се бори за втор претседателски мандат, ја обвини Русија дека планира да се вмеша во изборите што ќе се одржат на 31 март. Истовремено, изборите ги нарече општа битка за Украина.

Според анкетите на јавното мислење, Порошенко заостанува зад комичарот Володомир Зеленскиј и поранешната премиерка Јулија Тимошенко.

Треба да знаете
Последни објави