Search

Порошенко: Господине Путин, ова е војна не е шега

Украинскиот претседател, Петро Порошенко ги повика западните земји да заземат остар став против Русија во момент кога ескалираат тензиите меѓу двете земји, а воедно на рускиот претседател, Владимир Путин му порача дека недамнешните настани во керчската теснина претставуваат акт на агресија.

Господине Путин, ова е војна, не е шега, не е инцидент и не е криза, бидејќи вашите сили под руско знаме нападнаа украински воени бродови во меѓународни води“, изјави Порошенко во интервју за „Фокс њуз“.

Тој истакна дека би сакал да види поголемо присуство на НАТО во Црното море, каде руските сили го отворија огнот и запленија три брода на украинската морнарица. Русите уапсија 24 морнари под обвинение дека навлегле на руска територија.

Треба да знаете
Последни објави