Search

Пороен дожд, грмежи и ветер вечерва во Скопје

Северозападниот дел од земјава е зафатен со невреме кое во Полог е проследено со пороен дожд и грмежи. Нестабилна воздушна маса од запад се приближува кон Скопје и се очекува пороен дожд, грмежи и засилен ветер, информира УХМР.

Попладнево подрачјето на Струмица и околината, како и Берово беа зафатени од невреме со интензивен пороен дожд, грмежи и можна појава на град. Нестабилната облачна маса се движи кон југ во правец на Валандово, Дојран и Богданци.

УХМР информира дека нестабилно е во повеќе места во источниот и во планинските подрачја во југозападниот дел од земјата, како и над Преспанското Езеро.

Треба да знаете
Последни објави