Search

Порнографски фотографии на малолетнички се споделуваат на групата „Јавна соба“ на Телеграм

Родителите на средношколците и професорите се во паника откако редакциите на Радио МОФ и на А1.он објавија дека на месинџер апликацијата Телеграм креирана е група насловена како „Јавна соба“ на која се споделуваат и се коментираат експлицитни фотографии и видеа на малолетни девојчиња од земјава.

Новинарите од двете редакциите успеале да влезат во групата и откриле фрапантни податоци – групата постои околу еден месец, има над 7.400 членови, а зачленување оди преку испраќање приватни пораки, по што автоматски си дел од групата.

Средношколци членови на групата за Радио МОФ сведочат дека дел од сликите кои се објавуваат и се коментираат се преземени од отворени профили и тоа најчесто се малолетни девојчиња, при што се споменуваат со имиња и презимиња или со местото на живеење.

Новинарите на Радио МОФ и самите биле сведоци како во рок од половина час биле споделени десетина видеа и фотографии со експлицитна содржина, на што следувале неколку стотици коментари.

За случајот веќе јавно проговорија повеќе професори и наставници. Двата медиуми кои сами посведочиле за содржините што се споделуваат во оваа група на Телеграм се обратиле до МВР, но засега од таму не добиле одговор.

Треба да знаете
Последни објави