Search

Порасна бројот на настрадани од ерупцијата на вулканот во Нов Зеланд

Полицијата во Нов Зеланд соопшти денеска дека уште две лица починале од повреди здобиени во ерупцијата на вулканот на Белиот Остров оваа недела, со што бројот на загинати достигна осум.

Деветмина се водат за исчезнати, а полицијата ги идентификува како седум туристи од Австралија и два туристички водичи од Нов Зеланд.

Уште 28 лица се хоспирализирани, од кои 23 се здобиле со изгореници опасни по живот.

Вулканот избувна во понеделникот попладнето, додека туристите биле во посета на островот.

Треба да знаете
Последни објави