Search

Поранешното момче на Памела демантира дека води двоен живот

Актерката Памела Андерсон (51) на социјалните мрежи напиша дека нејзиното момче, францускиот фудбалер Адил Рами (33), ја изневерува и мами веќе две години. Притоа таа го навредуваше со зборовите лажливо чудовиште, нарцис, социопат …

Но, фудбалерот ги демантира нејзините обвинувања за мамење тврдејќи дека се неточни.

„Паузата никогаш не е едноставна. Често во такви случаи емоциите може да го обземат човекот и тој почнува да ги преувеличува работите“, ја почна својата изјава Адил.

„Во никој случај не водам двоен живот, едноставно сум врзан и посветен на одржување траен однос со моите деца и нивната мајка Сидони, која длабоко ја почитувам. Сакам мир и дискреција за нашите семејства и пријатели, дури и ако ме боли и ме повредува. Се надевам дека ќе го разберете и почитувате ова“, заклучи Адил.

Треба да знаете
Последни објави