Search

Поранешниот шпански крал во сред истрага отиде во Доминиканската Република

Поранешниот шпански крал Хуан Карлос замина во Доминиканската Република откако ја напушти земјата во сред истрага за корупција, пренесуваат весниците „Ла Вангардија“ и ЕјБиСи.

Растеше притисокот врз некогаш популарниот, а денеска поранешен крал, кој предизвика поделби, додека шпанските и швајцарските обвинители истражуваат наводи за примање мито поради договор за изградба на железница.

Тој одлучил да ја напушти земјата за да му овозможи на својот син Фелипе спокојно да владее, се наведува во соопштението на кралската палата, без информации каде отишол Хуан Карлос.

„Ла Вангардија“ наведува дека 80-годишниот Хуан Карлос отишол во Португалија со автомобил во понеделникот утрото, од каде се упатил кон Доминиканската Република, каде планира да остане неколку недели со семејството, а по што ќе замине на друга дестинација.

Првите реакции покажуваат дека шпанската јавност е поделена околу неговото заминување, кој е важна личност во транзицијата кон демократија по смртта на диктаторот Франциско Франко.

Португалската телевизија ТВИ24 објави дека Хуан Карлос се наоѓа на Кавкас, летувалиште близу Лисабон, каде поминал дел од неговото детство.

Треба да знаете
Последни објави