Search

Поранешниот шеф на разузнавањето на Венецуела тврди дека режимот во Каракас може набрзо да падне

Поранешниот шеф на разузнавањето на Венецуела, Кристофер Фигуера кој побегна од државата по неуспешниот обид за соборување на претседателот Николас Мадуро во април, изјави за Вашингтон пост дека режимот може многу брзо да падне во таа држава.

– Горд сум за тоа што го направив Засега режимот е со предност, но тоа може многу брзо да се смени, додаде Фигуера.

Тој беше сменет од функција откако даде поддршка на обидот за пуч на 30 април предводен од опозицискиот лидер Хуан Гуаидо и помина два месеца во Колумбија пред да пристигне во САД вчера, објави весникот.

Фигуера тврди дека членови на семејството на Мадуро и на неговата влада се вмешани во перење пари и корупција и дека на групи од Хезболах им е дозволено да оперираат во Венецуела. Шиитското движење Хезболах е поддржано од Иран и е на листата на „терористички групи” на САД.

– Брзо сфативме дека Мадуро е шеф на криминални групи и во тој процес се вклучени и членови на семејството, вели тој посочувајќи го синот на Мадуро, Гуера кој според него е вклучен во продажба на злато на венецуелската централна банка.

Тој додава дека Куба има големо влијание врз Мадуро и оти имало многу чести телефонски разговори меѓу поранешниот претседател Раул Кастро и венецуелскиот лидер.

– Раул Кастро му беше како советник на Мадуро. Ако беше на каков било состанок, Кастро ќе го повикаше по телефон и тој ќе го прекинеше за момент состанокот.

Треба да знаете
Последни објави