Search

Поранешниот француски премиер Франсоа Фијон осуден на пет години затвор

Француски суд денеска го прогласи за виновен поранешниот премиер Франсоа Фијон за плаќање на неговата сопруга над еден милион евра јавни средства за „фиктивна работа”.

Фијон е осуден на пет години затвор – од кои три може да ги служи преку општокорисна работа. Тој, исто така, ќе треба да плати казна од 375,000 евра и ќе му биде забрането да се кандидира на избори во период од 10 години.

Неговата сопруга Пенелопе доби тригодишна условна казна, парична казна од 375.000 евра и двегодишна забрана за  кандидирање на избори

Фијон е обвинет за фиктивно вработување на сопругата Пенелопе, што и донело повеќе од еден милион евра. Тоа беше скандал поради кој му пропадна претседателската кампања во 2017 година.

Треба да знаете
Последни објави