Search

Поранешниот српски селектор нов тренер на Стефан Ристовски во Спортинг

Поранешниот селектор на репрезентацијата на Србија и предводник на Милан и Торино, Синиша Михајловиќ од ова лето веројатно ќе биде нов тренер на тимот на Спортинг Лисабон.

Михајловиќ наводно веќе се наоѓа во Португалија каде треба да се сретне со контроверзниот прв човек на клубот, Бруно Де Карваљо со цел да ги финишираат преговорите околу договорот.

Српскиот стратег со Спортинг Лисабон ќе потпише двегодишен договор со можност соработката да се продолжи на плус уште една сезона.

Михајловиќ на клупата на Спортинг треба да го замени Жорге Жезус кој доби прекинување на соработката по турбулентната и тензична сезона во клубот.

Треба да знаете
Последни објави