Search

Поранешниот сопруг на Моника Белучи објави фотографија со нивната ќерка по повод нејзиниот роденден

Актерот Винсент Касел објави фотографија со најстарата ќерка од бракот со Моника Белучи, Дева и ја покажа неверојатната сличност на 16-годишното девојче со убавата мајка.

„Честитки, љубов“, напиша тој покрај црно-белата фотографија што ја објави по повод 16. роденден на тинејџерката. Коментарите не престанаа да прават споредби со познатата Моника.

https://www.instagram.com/p/CFBx2_kqdwy/

„Таа ја наследи целата убавина на нејзината мајка, чудо“, „Изгледа како Моника“, „Прекрасна е, исто како нејзината мајка“, „Слика и прилика на Моника, каква убавица“, „Дева неверојатно личи на нејзината мајка“, пишуваат следбениците на Винсент покрај роденденските честитки.

Треба да знаете
Последни објави