Поранешниот сопруг на Емина Јаховиќ, турскиот пејач Мустафа Сандал (51) веќе две години ужива во врска со скоро 20 години помладата Мелис Сутшуруп (32), а сега двајцата кои долго ја криеја врската објавија емотивна фотографија.

Имено фотографијата е по повод роденденот на девојката на пејачот, а ја објави токму Мустафа кој под неа напиша емотивни зборови упатени токму кон славеничката Мелис.

-Еден ден жена влегува во вашиот свет, го излажува своето срце и душата да ја дели со вас. Сфаќате дека љубовта и храброста на таа жена се ангелските крилја со кој мавта кон вас и непрестанато ве поддржува, среќен ти роденден моја сакана, порача пејачот

Гордата девојка веднаш ја сподели фотографијата со своите следбеници, а во коментарите пристигнаа голем број на честитки.