Search

Поранешниот претседател Кореа го нарече Морено најголемиот предавник во историјата на Еквадор по апсењето на Асанж

Поранешниот претседател на Еквадор, Рафаел Кореа, жестоко го критикуваше својот наследник Ленин Морено затоа што дозволи британската полиција да го уапси Џулијан Асанж во Амбасадата на Еквадор во Лондон, нарекувајќи го потегот злосторство што човештвото никогаш нема да го заборави, пренесува РТ.

Иако поранешниот лидер на Еквадор долго време е многу критичен кон својот некогашен политички сојузник, апсењето на Асанж, според него, е предавство на повисок ред.

Пишувајќи на Твитер кусо време по апсењето на Асанж, Кореа рече дека работите станале многу посериозни од наводната корупција на Морено.

„Морено е корумпиран човек, но она што го направи е злосторство што човештвото никогаш нема да го заборави,” напиша тој.

Суровите зборови не запиреа таму. Откако Морено објави дека донел суверена одлука да ѝ го предаде Асанж на британската полиција, Кореа ја нарече таа одлука подмолно, кукавичко и грозоморно дело што е плод на сервилност, злоба и на одмазда.

Кореа првично му понуди азил на Асанж додека се уште беше претседател во 2012 година, стравувајќи дека дојавувачот ќе се соочи со смртна казна ако биде екстрадиран во САД, каде што е баран за шпионажа.

Треба да знаете
Последни објави