Search

Поранешниот менаџер на „Нирвана“ издава нова книга за животот на Курт Кобејн

По повод 25-годишнинта од смртта на Курт Кобејн, поранешниот менаџер на „Нирвана“, Дени Голдберг, ќе објави книга за неговиот живот под називот „Serving the Servant: Remembering Kurt Cobain“.

Книгата би требало да биде објавена на 2 април, а во неа се пишува за вртоглавиот успех на „Нирвана“ од 1990 до 1994 година, почнувајќи од денот кога Голдберг и неговиот колега Џон Силва се договориле да бидат менаџери на групата, па сè до денот кога Кобејн изврши самоубиство.

Во тие четири години „Нирвана“ го објави еден од своите најпознати албуми „Невермајнд“, а Кобејн доби ќерка со рок музичарката Кортни Лав и се бореше со зависноста од дрога.

„Медиумските натписи се фокусираа на неговата смрт. Иако не е можно да се игнорираат внатрешните демони кои го мачеа, истражувајќи и пишувајќи ја книгата често пати се потсетував на брилијантноста, смислата за хумор и љубезноста на Кобејн кон повеќето луѓе околу него“, рекол Голдберг.

Треба да знаете
Последни објави