Search

Поранешниот албански командос обвинет за тероризам не го признава судот во Тирана

Поранешен припадник на албанската специјална армиска единица „Командоси”, Ерзен Ука, кој беше уапсен вчера под обвинение за тероризам, денеска изјави дека „не го признава албанскиот суд” и оти „го почитува само Алах”.

Тој, на денешната расправа пред Судот за тешки кривични дела, упати и директна закана до судијата и обвинителот дека „ќе положат сметка кога ќе излезе од затвор и нема да минат лесно”.

Ука одби и да стане кога судијата ја читаше одлуката за негов притвор.

Дваесет и деветгодишниот Ука, кој служел во Ирак и Авганистан во 2011 година, по двегодишно следење беше уапсен вчера од страна на припадниците од Антитерористичката канцеларија на Државната полиција.

Тој е обвинет за „радикални тенденции” и поттикнување омраза со цел извршување терористички акции, како и за обука на деца за учество во ИД и за вршење терористички напади. Албанските властите го прогласија Ука за лице со висок ризик

На неговиот профил на Фејсбук, Ука објавувал и споделувал видео записи и фотографии кои промовираат и пропагираат терористички активности. При претрес на неговиот стан, полицијата пронашла и запленила и муниција.

Треба да знаете
Последни објави