Search

Поранешниот адвокат на Трамп денеска оди во затвор

Поранешниот адвокат на американскиот претседател Доналд Трамп, Мајкл Коен, денеска ќе почне да ја издржува тригодишната затворска казна.

Коен е осуден за кршење на прописите за финансирање на претседателската кампања. Тој би требало да се јави во Отисвил до 14 часот по локално време, што се наоѓа околу 110 километри северозападно од Њујорк, пренесуваат американските медиуми.

Коен првично требаше да почне со издржување на кзната затвор во март, но судот му дозволи два месеци одмор, за да се опорави од операција на рамената.

Треба да знаете
Последни објави