Search

Поранешна манекенка тврди: Трамп сексуално ме злоупотреби, не можев да избегам од неговата цврста прегратка

Ејми Дорис, поранешна манекенка, го обвини првиот човек на САД, Доналд Трамп, дека сексуално ја нападнал за време на турнирот на Ју-ес опен пред повеќе од две децении.

Во ексклузивното интервју за „Гардијан“, Дорис изјави дека Трамп ја нападнал пред тоалетот во неговата ВИП-ложа на 5 септември 1997 година.

Ејми, која во тоа време имала 24 години, го обвинува Трамп дека насилно ја бакнувал, ставајќи и го јазикот во уста, ја стискал во прегратка од која не можела да избега.

Таа реши да зборува за тоа по 23 години, со образложение дека се чувствувала загрозена.

Трамп, пак, преку своите адвокати остро ги негира нејзините обвинувања и тврди дека тој никогаш не ја вознемирувал, ниту пак се однесувал непримерно кон Дорис.

Дорис, која живее на Флорида, му доставила на „Гардијан“ докази што можат да ја поддржат нејзината приказна. Таа покажала билет од „Ју-ес опен“ и шест фотографии на кои се гледа како стои покрај Трамп, кој тогаш бил оженет со неговата втора сопруга Марла Мејплс.

Нејзините тврдења ги потврдиле уште неколку лица на кои им се доверила за инцидентот. Меѓу нив се и пријателот на Ејми од Њујорк и нејзината мајка, кои таа ги повикала веднаш по наводниот напад. Во следните години таа му се доверила на својот психолог и на некои други пријатели. На сите им ја раскажала истата приказна што му ја раскажала на репортерот на „Гардијан“.

Дорис, која сега има 48 години и е мајка на близначки, рече дека сакала да зборува за тоа во 2016 година, кога уште неколку жени тврделе дека тогашниот републикански кандидат за претседател ги нападнал сексуално. Сепак, таа решила да молчи за сè, плашејќи се дека тоа може да го загрози нејзиното семејство.

Треба да знаете
Последни објави