Search

Поранешна амбасадорка на САД во Киев: Блиски соработници на Трамп водеа кампања против мене

Во Вашингтон продолжија сослушувањата во рамки на постапката за отповикување на претседателот Доналд Трамп. Во центарот на истрагата е поранешната американска амбасадорка во Киев, Марија Јованович, која сведочела тајно минатиот месец, но транскриптот е дури сега објавен, благодарение на демократите.

Во објавениот транскрипт се наведува дека Јованович во Сенатот рекла дека е загрижена поради коментарите на Трамп за неа, за време на телефонскиот разговор со украинскиот претседател, Зеленски.

Трамп наводно рекол дека Јованович ќе мора „да помине преку некои работи“. Поранешната амбасадорка, која во мај била отповикана од позицијата, истакнала дека била шокирана кога дознала дека Трамп со месеци сакал да ја смени.

Тврди дека личниот адвокат на Трамп, Рудолф Џулијани и Доналд Трамп помладиот, јавно ја нападнале на Твитер во содесјтво со конзервативните медиуми. Според неа, украинските власти ја предупредиле дека Џулијани е во контакт со тамошниот државен обвинител.

Како реакција на изјавата на амбасадорката, Трамп рекол дека дури не ја ни познава линчо.

„Ако ги погледнете транскриптите од телефонските разговори, ниту претседателот на Украина, Зеленски немал добро мислење за неа“ додал Трамп.

Претставничкиот дом на Конгресот минатиот четврток усвои резолуција со која се формализира процесот за импичмент на Трамп.

Треба да знаете
Последни објави