Search

Поранешната прва дама на САД се бори со депресија

Поранешната прва дама на Америка, Мишел Обама, секогаш привлекува внимание каде и да се појави или што и да прави, но овојпат она што ја донесе во центарот на јавниот интерес е тема со која многумина можат да се поистоветат.

Имено, во втората епизода од нејзиниот подкаст “The Michelle Obama Podcast”, таа откри дека се борела со депресија од низок степен за време на карантинот поради пандемијата на коронавирусот и поради сè што довело и одело рака под рака со протестите против расизмот што се одвиваа ширум Америка – #blacklivesmatter.

“Јас се борам со некаков облик на депресија поради сето она што нè опкружува изминативе неколку месеци”, рекла Мишел, која објаснила дека работела за да биде подобра, но дека постоело периоди за време на карантинот кога едноставно не станувала од кревет.

Ако и вие сочувствувате со Мишел Обама, знајте дека правењето пауза од социјалните мрежи и поминување време со семејството и пријателите многу помага.

Што е депресија од низок степен и како се лекува? Еве што треба да знаете:

Функционалната депресија нема статус на официјална медицинска дијагноза, но претставува добар начин да се карактеризираат луѓе со лошо расположение, ниска животна енергија и вознемиреност, објаснуваат експертите.

Повеќето луѓе со функционална депресија имаат дистимија (исто така познато како трајно депресивно нарушување), депресија од низок степен за кои се карактеристични уморот и недостатокот на енергија.

Ова се луѓе кои се воглавно несреќни во животот, но не ја исполнуваат дефиницијата на класична депресија, која е потешка.

Нивниот живот обично изгледа вака: во надворешниот свет тие се продуктивни, многу успешни, но кога ќе заврши работниот ден, се трошат сите внатрешни ресурси.

Многу е важно да побарате помош бидејќи ова нарушување се лекува. Најтешкиот дел е преземањето на првиот чекор, признавање дека ви треба помош, но нема подобар начин како да се ослободите од негативните чувства од тоа да разговарате со професионалец за ментално здравје.

Слушнете што има да каже Мишел Обама за нејзините чувства:

Превземено од Точка

Треба да знаете
Последни објави