Search

Поранешната девојка на Џегер се забавува со 65 години постариот Иствуд

Фотографите ја фатија Нор Алфалах (23) со 65 години постариот холивудски актер Клинтон Иствуд, пишува „Дејли мејл“. Нор ѝ e позната на јавноста уште кога беше во врска со фронтменот на Ролинг Стоунс, Мик Џегер (75). Клинт и Нор се дружеа во понеделникот вечерта, а папараците ги фотографираа кога излегуваа од автомобилот. Нор тврди дека Клинт е само семеен пријател.

Не постои романтична врска”, изјави таа за „Дејли мејл“, но на фотографиите изгледаат многу интимно. На прашањето дали сега е во врска со некого, таа рече дека не сака да коментира.

Освен со Џегер и Иствуд, Нор исто така ја поврзуваа со милијардерот Николас Бергруен (57). Иствуд беше во врска со 33 години помладата девојка Сандер од 2014 година. Во декември почна да се шпекулира за нивниот прекин.

Треба да знаете
Последни објави