Search

Поранешен фудбалер на Ливерпул избоден со нож пред да влезе во автомобил

Медиумите на Островот објавија дека  поранешниот играч на новиот англиски првак Ливерпул, а сега член на Дерби, Андре Виздом, бил избоден со нож на улица пред да влезе во неговиот автомобил. Виздом кој во саботата настапи за Дерби заминал во посета на негов роднина во  квартот Токстет каде бил нападнат со нож од непознат сторител и сега е во болницата во Ливерпул.

-Полицијата на Мерсисајд го истражува нападот, а клубот прави се да биде покрај Андре и неговото семејство. Поради тоа што на семејството во моментов најпотребен му е мирот, не треба да се очекуваат соопштенија за јавност, исклучок се само оние од полицијата и докторите, се вели во соопштението од Дерби.

Виздом покрај дресот на Ливерпул и Дерби го носеше и на Норвич и Салцбург.

Треба да знаете
Последни објави